На говорот на Никола Груевски, на партискиот конгрес во Валандово, реагираше Јове Кекеновски.
„Се очекува токму ВМРО да го чува грбот на Македонија и при решение за името, да помогне на државата дури и на СДСМ, за што подобро решение да биде издејствувано. Но, евентуалното вклучување на ВМРО не смее, да е само шминка и да се истера некое решение кое е крајно неповолно. Тоа мора да се суштински, заштитнички и со резултат за Македонија и македонскиот народ”.
Иако Груевски вели дека за негови 11 години владеење немало пазарање, односно не се пазарел лично, за мене ова е јавна, но суптилна понуда за пазарење или потврда на веќе испазареното.
Ова е клучот зошто тој поднесе оставка така брзо по состанокот со Зоран Заев и Али Ахмети кај претседателот Иванов. Значи се работи за активно вклучување на ДПМНЕ во процесот на преговори за името, а за возврат да се добијат одредени бенефити. Јасно е за кого се договорените бенефиции. Впрочем ова е потврда на изјавата на Заев во интервјуто за Капитал, дека од ДПМНЕ има согласност и поддршка за промена на името, вели Кекеновски.