568
Јово Кекеновски, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, е исклучен од партијата во пресрет на редовниот изборен конгрес, потврдиле од неговиот матичен општински комитет – Бутел.
Од таму за медиумите навеле дека иницијативата дошла од повеќе членови на партијата кои укажувале за повеќекратно прекршување на партискиот статут.
Кекеновски периодов е актуелен како дел од Форумот на слободоумни патриоти, кој бара одговорност и промени од раководството на ДПМНЕ по објавувањето на таканаречените „бомби“ од опозицијата.