Кекеновски: И најблизок соработник на Мицковски беше избркан од Мечкин Камен

by fokus

Професорот Јове Кекеновски, вели дека реакцијата на дел од присутните на Мечкин Камен, кои ја исвиркаа и нападнаа со пластични шишиња владината делегација, е очекувана, поради бројните афери за корупција. Како што вели Кекеновски за време на прославата се скандиралот и против ВМРО-ДПМНЕ.

Зарем очекувавте дека појавувањето на владините претставници во делегацијата кои го иритираа народот со своите постапки и скандали (после сите доделени грантови на сопствени фирми, доделен тендер од 35 милиони евра на штотуку формирана фирма) ќе бидат дочекани со аплауз? Зарем некој очекува аплауз од народот кога секојдневно е правно и политички „силуван” и манипулиран, кога секојдневно е бомбардиран со разни афери, кога живот дојде само за неколкумина, кога сеуште нема никаква одговорност за арамилакот и др.

Заменик помошникот државен секретар во Стејт Департментот на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер и амбасадорот Џес Бејли се колатерална штета.

Немојте да мислите дека и Х. Мицковски да беше таму, дека и тој немаше да биде исвиркан. Зошто не кажете дека најблизок соработник на Мицковски е избркан од Мечкин Камен и дека навивачките групи скандираа и против ВМРО?
Народот не наседнува повеќе на ефтините трикови и недоследности на политичарите“, вели Кекеновски.

ДАЈТЕ БРЕ ЛУЃЕ БАРЕМ МАЛКУ ОБЈЕКТИВНОСТЗарем очекувавте дека појавувањето на владините претставници во делегацијата…

Publiée par Jove Kekenovski sur Jeudi 2 août 2018

Поврзани новости