МРТ ја обвини СДСМ дека врши притисок: Изнесените ставови се лични ставови на гостите

by fokus

Првиот програмски сервис на Mакедонската радиотелевизија со демант реагира на вчерашното соопштение од СДСМ, со кое го осуди пренесот на телевизијата од одбележувањето на Илиден и побара оставки. Како што рекоа од СДСМ со вчерашната програма се згазени националните и стратешките интереси, што според МРТ не е вистина.

Од таму велат дека соопштението на СДСМ го доживуваат како притисок врз работењето.

„Јавниот сервис и годинава, како со години наназад, организира отворена програма во која вршеше директни преноси од говорите на претставниците на државниот врв и во која, како и досега, учествуваа историчари и се емитуваа прилози поврзани со Илинден.

Изнесените ставови на присутните гости во студиото, кои беа единствените кои ја прифатија поканата за учество во емисијата, се нивни лични ставови.

Јавниот сервис ги отфрла наводите дека со денешната програма, се оспорени и се доведени во прашање стратешките интереси на Република Македонија, и дека членството во ЕУ и НАТО е сведено на полемика, како определба на една политичка структура.

Ваквата реакција на СДСМ, првиот програмски сервис на МТВ ја оценува како директен притисок врз нејзиното работење. И во иднина ќе реагираме на неоснованите обвинувања, без разлика од која страна доаѓаат, дали од власта или од опозицијата“, соопштија од МРТ.

Поврзани новости