512
Професорот Јове Кекеновски во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека со доаѓањето на СДСМ на власт, голем дел од судиите само го смениле дресот.
-ФРОДЕМ како здружение на граѓани чиј приоритет е владеење на правото сака оваа држава конечно да заживее онака како што треба да заживее. Знаевме дека судиите се бирале од тефтерчето на поранешната министерка. Како тие судат кога јавноста знае како се бирани. Голем број од судиите со доаѓање на СДСМ на власт едноставно ги преоблекоа дресовите, можеби не како што беа во минатото, не грешката беше тоа што не се случи генерален реизбор на судиите. Како може да биде судија некој на кого претходно му кажувале каква пресуда да донесе, вели Кекеновски.