Калајџиев: Како да им објасниме на оние од кои бараме екстрадиција дека помилувањето е врз основа на член кој не постои?

by fokus

Професорот Гордан Калајџиев во вечерашното гостување на телевизија Телма вели дека Македонија не се поставила најрационално во однос на барањето екстрадиција на Никола Груевски.

-Во екстрадицијата на Груевски не се поставивме најрационално. Во однос на неговиот приговор дека е помилуван, го истакнавме тоа дека таков член не постои. Но, тоа не е некој јак аргумент. Вие не можете да им објасните на нив дека помилувањето не постои, бидејќи членот не постои, тоа нив им делува несериозно. Груевски се повикува дека уставниот суд го признава тој член, додека Министерството за правда се повикува на правни теории, а во правни теории може да има и различни мислења, вели Калајџиев.

Поврзани новости