Професорот Јове Кекеновски, ги коментира последните случувања во опозициската ВМРО-ДПМНЕ и шпекулациите дека постои рздор меѓу лидерот на партијата Христијан Мицкоски и фракција предводена од поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.
Кекеновски бара прочистено ВМРО, каде повеќе нема влијателна улога да имаат актуелните партиски функционери.
„Во котелот наречен ДПМНЕ станува се пожешко. Довчерашните сојузници и браќа по интерес наеднаш станаа крвни непријатели. Секој преку свои новинари и поддржувачи нарачува текстови против другиот и прават сопствени сценарија. А до вчера истите тие се бацуваа и колнеа на вечна верност.
И на едните и на другите не им е повеќе местото во ВМРО ДПМНЕ. Ги видовме кои се и какви се. Време е за прочистено ВМРО“, пишува Кекеновски.