Кекеновски: Добредојдени се сите што сакаат да го напуштат Груевски

by fokus

ФРОДЕМ е отворен за сите кои плнираат да се покренат од  ВМРО – ДПМНЕ и кои ги поддржуваат принципите и вредностите што ги прокламира нашето движење , вели за „Фокус“ професорот Јове Кекеновски, по информациите дека тројца пратеници од ВМРО – ДПМНЕ поради незадоволство од партиското раководство деновиве ќе  обелоденат дека го напуштаат Груевски и дека ќе преминат во партии и политички движења од десниот блок.

„ ФРОДЕМ е со отворена врата за оние кои ги почитуваат и кои се придржуваат до нашите принципи, со исклучок на тие што се замешани во криминални дејанија. ФРОДЕМ нема да биде гума за спасување“, категоричен е Кекеновски.

Мразот вчера го скрши пратеникот од дијаспората Васко Наумовски, кој упати остро писмо до јавноста со отворена порака  – „целосната власт, целосно корумпира“.

„Од водењето на ваквата политика, незадоволството е се поголемо…Затоа мои колеги е создадено и ФРОДЕМ, зарем ќе останеме слепи и глуви, зарем незадоволството на народот ќе го скриеме под тепих и после тоа ќе бидеме изненадени?“, се вели во писмото на Наумовски.

Неофицијално се дознава дека незадоволните од Груевски иако се веќе на пат да преминат во други партии, се уште стравуваат да го направат тој чекор поради наводните закани дека наврат ќе ги носат мениците за лојалност што ги потпишале пред последните избори.

 

 

Поврзани новости