Кекеновски: Дали имаме и „сваровски“ специјални обвинители?

by fokus

Професорот, Јове Кекеновски, поставува неколку дилеми за работењето на Специјалното јавно обвинителство. По поднесувањето на седумнаесетте обвиненија против 94 физички и 7 правни лица, Кекеновски прашува дали обвиненијата се намерно скроени со празнини со цел судот да има причина да ги отфрли.

„Досега го видовме лицето на ,,сваровски” судиите и прашање е на време кога истите ќе си ја добијат заслужената казна, меѓутоа што правиме доколку излезе на површина дека сме имале и ,,сваровски” специјални обвинители?“, прашува професорот.

Како е можно, вели Кекеновски, во поднесените обвиненија никаде да не се посочени сметките на кои легнале украдените пари.

„Дали свесно и намерно во дел од обвиненијата се оставени ,,празнини” за да можат истите полесно да ,,паднат” во вода!? – (читај полесно да се одбранат обвинетите). Односно дали дел од обвинителите и други лица од СЈО тајно колаборираа со обвинетите или со нивната одбрана?“, напиша Кекеновски на својот фејсбук профил.

Поврзани новости