Носителот на листа на кандидати за пратеници на „Коалицијата никогаш северна, само Македонија“ во ИЕ 2, Јове Кекеновски на средба со граѓаните на Општина Горѓе Петров истакнал дека наместо во оваа скопска општина да соопштат што нивните народни пратеници ќе се загалааг за граѓаните, рече дека се принудени да се осврнат на неспособноста на техничката влада која, според него, нема капацитет да се справи со Ковид-19.
– Се плашиме дека по изборите ќе ни се преслика ситуацијата од Србија. Неспобниот технички министер познат по пиши бриши уредбите наместо со Комисијата за заразни болести да работи на намалување на последиците од пандемијата, тој на сметка на мртвите и жртвите се пуштил во ловење на гласови. Ветува брда и долини, 1.000 километри патишта, а не гледа дека бројот на зарззени постојно расте. Значи неодговорноста, неспособоста, несовесноста се собрани на едно место, и затоа тој бесрамно го бара гласот на граѓаните, рече Кекеновски.
Тој посочи дека министерката за правда и „нејзините пратиски колеги и функционери му овозможија на Груевски да избега во Будимпешта, а таа не мрднува ниту со најмалиот прст да го врати и да одговара за другите злодела“.
– Сакаме да им ветиме на граѓните дека доколу сме дел од законодаваната и извршната власт во рок од 90 дена ќе го вратиме бегалецот. Онака како што и замина така ќе биде и вратен, а украдените пари ќе бидат поделени на граѓаните. Во оваа воспоставена матрица на несериозност, несовесност и јавашлук успешно се вклопува и Уставниот суд кој вчера немаше храброст да ја отфрли Иницијативата за поништување на став 5 од членот 353 од КЗ кој се однесува злоупотребата на службената позиција во врска со јавните тендери. Замислете дури четворица од вкупно девет судии на Уставниот суд се изјасниле дека истиот треба да се поништи, бидејќи луѓето кои се обвинети од СЈО за милионски злоупотреби со тендерите „страдале“ поради преширокото толкување на оваа одредба. Да ги потсетам уставните судии и адвокатот подносител дека постои еден институт кој се нарекува автентично толкување на законот. Уставните судии се срам за државата и затоа повторно ја бараме оставката на судиите, а доколку тоа не се случи, по конституирањето ќе бараме нивно разрешување, рече тој.
Тој на крајот им вети на граѓаните дека нивните идни избрани народни пратници ќе имаат максимална соработка со органите на единиците на локалната самоуправа без разлика на нивната партиска припадност.
– Тие ќе бидат нишката помеѓу централната власт и локалната самоуправа. Ниту еден проект, ниту еден закон кој се однесува до локалната самоуправа не ќе смее да биде донесен без претходно истиот да биде косултиран од страна на нашите пратеници со базата од која се избрани, рече Кекеновски.