509
Оскаровката Кејт Винслет се повреди за време на снимање на филм во Дубровник.
Таа моментално престојува во Дубровник, каде што се снима филм за животот на Ли Милер, воен фотограф за магазинот „Вог“ за време на Втората светска војна.
Според информациите, актерката ја повредила ногата на снимање, а поради повредата завршила во болницата во Дубровник.
Кејт е снимена како пристигнува во болница во придружба на неколку луѓе, а се уште не е познато за каква повреда станува збор.