Германија освои бронза на Евробаскет

by Fokus

Кошаркарската репрезентација на Германија го освои третото место на Евробаскет откако во битката за бронзата ја совлада Полска со 82:69. Пред домашната публика во Берлин, покажаа поголема стабилност од Полјаците, иако во последниот период дозволија ривалот и да израмни (59:59). Сепак, на крајот сепак успеаја да стигнат до заслужена победа.

Германците го добија првиот период со 19:14, а на полувреме заминаа со двоцифрена предност (36:23). Но, Полска се разбуди во третата четвртина, им појде шутот за три поени и се вратија во натпреварот. Стигнаа и до изамнување, но Денис Шредер не дозволи пресврт. Тој беше најефикасен со 26 поени и шест асистенции, а кај Германците се покажа и Јоханес Војтман со 14 кошеви.

Михал Соколовски постигна 18 поени во редовите на Полска.

Во 20.30 часот се игра финалето во кое се среќаваат Франција и Шпанија.

Поврзани новости