На 79-тиот Меѓународен филмски фестивал во Венеција, Златниот лав за најдобар филм го освои американскиот филм „All The Beauty And The Bloodshed“ во режија на Лаура Поитрас, додека Сребрениот лав, главната награда на жирито, му беше доделена на филмот „Свети Омер“ во режија на Алис Диоп.
Холивудските актери Колин Фарел и Кејт Бланшет се прогласени за најдобри актери на Филмскиот фестивал. Бланшет победи за улогата на познатиот диригент во филмот „TAR“ на Тод Филд, а Фарел победи за улогата во филмот „The Banshees of Inisherin“ на Мартин Мекдона.
Лука Гуадањо го освои Сребрениот лав за најдобра режија за „Коски и сè“, со Тимоти Шаламе и Тејлор Расел во главните улоги, која ја освои и наградата за најдобрата млада актерка. Жирито ја додели и Специјалната награда на жирито на филмот „Без мечки“ на уапсениот ирански режисер Џафар Панахи.