Прво треба да видиме што текст има изгласано Бугарското собрание и како тоа ќе се одрази кон тоа што француското претседателство ќе го достави како конечен предлог, рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.
„Тоа беше само работна верзија, не беше довршена. Допрва ќе видиме која е бугарската позиција и што ќе предложи Франција, откако го види и нашиот став. Ќе видиме во наредните денови. Сметам дека со оваа одлука на Бугарија и нашата позиција претставена од Ковачевски, ќе видиме за каков пристап ќе се одлучи.
Нашиот став е јасен – прашањето за јазикот, историските прашање, да не бидат дел од преговарачката рамка и секвенционирањето меѓу чекорите промената на Уставот и почетокот на преговорите се важни во нашата одлука да се прифати или одбие некој предлог, вели Османи.