392
По последните случувања во Париз, во тимот на ПСЖ, речиси е сигурно дека Лионел Меси (35) нема да го продолжи договорот со „Светците“.
Сега како најголеми фаворити се Ал-Хилал од Саудиска Арабија и секако – Барселона.
Понудата на „Кралскиот“ клуб од Саудиска Арабија е позната – 450 милиони евра, тоа би било најголемиот договор во историјата на спортот, а Меси треба да избере дали ќе се одлучи за парите или ќе го послуша срцето и ќе се врати на „Камп ноу“.
Барселона, според информациите, му нуди двегодишен договор според кој би заработил 25 милиони евра со можност доколку сака тој да биде прекинат уште по првата сезона.