По бизнисменот Орце Камчев, наводно, на чекор до „пазар“ со обвинителството за случајот „Империја“ е и некогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков.
Доколку падне спогодба, се очекува истата да се официјализира пред почетокот на судската ферија која почнува од 15 јули.
Иако спогодбите меѓу обвинетите и обвинителството се официјални само кога ќе добијат амин од Кривичниот суд, сепак откако шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска јавно кажа дека по Камчев и Мијалков размислувал да крене бело знаменце, почнаа неофицијалните калкулации, односно прогнозите за казната која би прифатил да ја одлежи и сумата која ќе треба да ја уплати на сметка на државата.
Па така ако Камчев, за еден дел за „Империја“, се спогоди да одлежи 1 година затвор и да плати 5 милиони евра, за Мијалков, за целиот случај, се споменува казна од околу две или три години затвор и да плати двојно или тројна сума повисока од онаа што ја даде бизнисменот. Засега, неофицијално, се калкулира со сума до 15 милиони евра.
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК