Ослободителната пресуда за Усеини пример за неказнивоста, реагира Левица

by Фокус

Вчерашната ослободителна пресуда за функционерот на ДУИ, Нефи Усеини, повторно демонстрира дека 20 години ниту еден функционер од редовите на партијата нема одговарано за криминал и корупција, иако истата е дел од секоја криминална коалиција, реагира од Левица по ослободителната пресуда за Усеини.

„Нефи Усеини, освен како сопственик на најголем број дивоградби во Охрид, познат е и како советник во Советот на Општина Охрид и тоа со два мандата. За време на првиот мандат, советникот на ДУИ, во просториите на Општина Охрид, физички го нападна советникот на Беса, Џемаил Мена, а потоа, заедно со неговиот брат, го нападнаа Топалоски, по што со лекарски преглед утврдено е дека му се нанесени телесни повреди. Поради овој инцидент на двајцата браќа им беше одредена мерка притвор од 8 дена, по што беа пуштени да се бранат од слобода, за на крај да добијат ослободителна пресуда“, велат од Левица.

После оваа одлука на охридскиот суд, додаваат од таму, станува јасно дека владеењето на правото и демократијата се само празни флоскули под кои таканаречените проевропски партии ги спроведуваат своето насилие и криминал.

Поврзани новости