575
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес -конференција истакна на Комисијата за заразни болести разговарале за заострување на мерките.
„Тоа се однесува за ризичните групи. Тоа се граѓаните над 65 години и младите до 18 години кои се преносители. И на седницата на владата ќе се дискутира за овие мерки, а после тоа ќе информираме – додаде првиот човек во здравството.
Тој додаде дека заврши инкубацијата на сите оние кои имале контакт со ексдиректорката на Кожната клиника, а во наредните неколку денови на сите ќе им се извршат тестирања.