573

По изрекувањето на пресудата за “Талир 2”, обвинителот Љубомир Лапе истакна дека по добивањето на писмената пресуда ќе се разгледуваат причините поради која е изречена условна наместо затворска казна на второобвинетиот Кирил Божиновски и дека најверојатно ќе поднесат жалба.
Во однос на конфискацијата, Лапе кажа дека се работи за 30 штабови низ Македонија, вклучувајки го и главниот во скопски Центар но и останатите во државата.
- Advertisements -

Во пресудата поранешниот премиер Никола Груевски доби казна затвор од 6 годин, додека поранешниот генерален секретар на партијата Кирилл Божиновски, доби условна затворска казна од две години.