Ќе се протестира за малиот Алмир со играчки во рацете

by fokus

Пред Владата денеска во 13 часот ќе се одржи протест на граѓани против одлуката да се преквалификува делото за кој е обвинет кумановецот, Бобан Илиќ, во случајот со смртта на четиригодишниот Алмир Алиу. Организаторите велат дека со протестот се бара правда за Алмир.

„Ве очекуваме на протест да го искажете вашиот револт кон судската мафија. Донесете со себе играчка, парче облека или што било најмило од вашето дете или внуче. Протестот ќе биде мирен затоа што ќе има многу мајки и деца“, повикуваат организаторите на протестот.

Доцна синоќа министерот за правда Билен Саљили на прес конференција соопшти дека поднесува оставка од морални причини, токму за овој случај.

Минатата недела, на рочиштето во Судот во Куманово, обвинителката направи преквалификација на делото, со што обвинетиот Бобан Илиќ наместо за убиство на Алмир, ќе одговара за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, кривично дело за кое според Кривичниот законик е предвидена максимална казна до десет години.

Поврзани новости