437
Движењето „Единствениот македонски пат“ најави дека утре во 17 ќе организира протест против промена на името, и како што велат, нелегитимните капитулантски спогодби и преговори.
Организаторите велат дека ќе испратат директна порака до медијаторот Метју Нимиц да се повлече од позицијата за посредување на спорот со името, проблем што го оценуваат како наметнат, крајно асиметричен и апсурден.
Протестот се поклопува со утрешната посета на медијаторот Нимиц во Македонија каде се очекува да оствари средби со државниот врв.