Изминатата година Министерството за информатичко општество и јавна администрација работело на поставување на основите на активностите за реформа во јавната администрацција со вградување на препораките од меѓнародните извештаи и граѓанското општество. Завршени се документи и стратегии кои се основа за реформа на јавната администрација, прибрани се потребните документи од други институции, а направена е и анализа кој е најдобриот пат до потребните реформи во јавната администрација, беше кажано на денешната презентација на Годишниот извештај за спроведување на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022.
-Свесни за неопходноста од реформа на јавната администрација соочени со долгогодишнса критика за партизираната и непрофесионалност на администрацијата се посветивме на тоа да ја промениме сликата. Се работеше на поставување на основите на реформските активности адресирајќи ги препораките од меѓнародните извештаи и граѓанското општество. Завршени се документи и стратегии кои се основа за реформа на јавната администрација, а воведени се и индикатори за прикажување на резултатите, рече заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски.
Направивме ревизија на постоечките и работиме на нови закони за заокружување на правната рамка, додаде Бајдевски и потенцира дека поради недостиг на основни податоци, како и поради потреба од попрецизно мапирање на недостатоците и слабостите во областите кои ги опфаќа стратегијата биле изработени и нови анализи и истражувања.
Извештајот се однесува на четири приоритетни области кои се основа на стратегијата, а тоа се креирање политики и координација, јавна служба и управување со човечки ресурси, одговорност, отчетност и транспарентност и давање услуги и ИКТ поддршка на админсистрацијата.
Според Извештајот, за спроведување на реформата во јавната админситација освен керреирањето политики, потребана е и координација на меѓу институциите, нивна отчетност и транспарентност, правилно управување со човечките ресурси, а битен сегмент е и дигитализацијата на процесите и на услугите кои администрацијата ги нуди на граѓаните
Во таа насока, во текот на првата година од спроведувањето на стратегијата обезбедена е и правна рамка и техничка основа за дигитализација на услугите, а целта врз чија основа се воделе од МИОА, е тие да се доближат до граѓаните.