Ќе се подобри услугата за пациентите на Клиниката за пулмологија

by fokus

На Клиниката за пулмологија нема да се чека толку долго како до сега. Ова како и многу други информации во врска со реорганизацијата на овој оддел беа соопштени денеска, на прес конференцијата на директорот на одделот.

Дејан Докиќ рече дека од сега натаму пациентите ќе имаат полесен пристап до податоците за пациентите во болницата, за цените на лекарските контроли како и секава друга информација, преку мобилен телефон кој што ќе биде достапен постојано.

Сега на услуга ќе биде и електронската сигнализација, со што пациентите ќе добиваат бројче за чекање ред. Докиќ рече дека клиниката ќе работи секој ден и дека се подобрени хигиенските услови. Тој исто така рече дека расте бројот на пациентите и дека се очекува нов бран заболени од грип.

Поврзани новости