Филип Петровски: Никогаш на конгрес на ВМРО-ДПМНЕ не било пошупливо, без интелектуалци!

by fokus

Никогаш на конгрес на ВМРО-ДПМНЕ не било пошупливо, без интелектуалци, без кој да има да каже нешто за идеологијата на партијата, рече Филип Петровски во своето јавно обраќање на фејсбук, револтиран од изборот на Христијан Мицкоски за лидер на партијата.

-Затоа конгресот го нареков фолк Валандово, личеше на приватна забава, без намера да го навредам фестивалот. Овој конгрес е невалиден. Јас најавувам дека има опција. Не се откажувам ни под разно од ВМРО-ДПМНЕ. Пробајте да ме исклучите. Сметам дека има подобри решенија за да се справиме со полициската хунта, а тоа не е со местење на конгрес. Ова беше фарса, заврши Петровски.

Тој го обвини Груевски дека местел лузери за градоначалници, па потоа некој друг му бил крив што ги изгубиле изборите.

Поврзани новости