Претседателот на Собранието Талат Џафери на вчерашната 32. седница ја одложи расправата по Законот за употреба на јазиците во трето читање, која беше осма точка и посочи дека расправата по оваа точка ќе продолжи откако ќе бидат исполнети условите за тоа.
-Имајќи ја предвид формалната процедура за обработка на сите амандмани кои се 35.569 на број, тие не се довршени. И деловната обврска за превод не е исполнета, рече Џафери.
Секој пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Вчера имаше различно барање по однос на дневниот ред на пленарната седница, на која требаше да се разгледува Законот за употреба на јазици. Пратениците ги образложуваа своите предлози, што траеше неколку минути, по што требаше да се стават на гласање. На тој начи се одолговлекуваше донесувањето на дневниот ред.
Неколку пратеници бараа исфрлање на точката за Законот за јазици, но мнозинството го отфрли тој предлот, а претседателот Талат Џафери рече дека не може повторно да се одлучува за истото барање.