Ќе се корегира учебникот по географија за втора година, се договорија Царовска, Груби и Адеми

by fokus

Во согласност со Законот за учебници за основно и средно образование, сите неправилности и неправди во сите учебници треба да бидат прегледани и исправени, почнувајќи веднаш од учебникот по географија за втора година средно образование, информираат од кабинетот на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби по средбата со министерката за образование и наука Мила Царовска и поранешниот министер и пратеник Арбер Адеми.

-За време на оваа средба, соговорниците разговараа за концептот на реформи во образованието и за Законот за учебници за основно и средно образование. Тројцата соговорници, исто така, се согласија дека во овој случај, со учебникот по географија за втора година средно, како и со другите учебници, ќе се примени членот 26 став 2 од Законот за учебници. Овој дел од законот наведува дека учебниците се повлекуваат од употреба доколку содржат материјали што ја навредува историјата, културата и вредностите на сите граѓани на Република Северна Македонија. Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби и министерката за образование и наука, г-ѓа. Мила Царовска исто така се согласија дека во рамките на оваа одлука во периодот што следува ќе бидат разгледани сите учебници со цел да се стави крај на овие појави, односно недоследностите во овие учебници, се вели во соопштението.

Во него се додава дека Груби, Царовска и Адеми се согласија заеднички да ги поддржат реформите во образованието, оценувајќи го ова како една од најпотребните реформи за државата.

Поврзани новости