На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата со акциски план на проектот Изградба на нов објект Поликлиника Сарај при ЈЗУ Здравствен дом.
На денешната седница Владата усвои три одлуки за распределба на средства обезбедени во потпрограмата Капитални дотации во Единиците на локалната самоуправа на Министерството за транспорт и врски, за да се реализираат проектите кои дојдоа како амандмани на пратениците во Собранието, членови на Комисијата за финансирање и буџет.
Со новата распределба ќе започнат градежните активности (бушотини) на потисен цевковод, за обезбедување на водоводна мрежа во с. Дрвош, општина Босилово, во вредност од 3.000.000, санација на свлечиште Подареш-Смиланци во општина Радовиш во висина од 5.000.000, санацијата на свлечиште во општина Кавадарци вредна 7.000.000 денари.