Бектеши сигурен дека македонските компании се подготвени за членството во НАТО

by fokus

Голем број од нашите компании се подготвени за членството на земјата во НАТО и ние како држава во континуитет преземаме мерки за да им го олесниме работењето, а со тоа да можат да бидат конкурентни и со компании од поразвиени држави, имајќи предвид дека најразвиените земји членуваат во НАТО, рече министерот за економија Крешник Бектеши во обраќањето на панел дискусија на тема „Македонската бизнис заедница како партнер на НАТО“ во рамки на НАТО Караванот, што се одржа вечерва во Струмица.

Додаде дека е убеден преку мерките кои ги презема Владата, а кои се создадени заедно со стопанските комори и бизнис заедницата, македонските компании ќе бидат конкурентни на пазарите.

-Ние го создадовме Планот за економски раст, кој е потполно транспарентен. Тој  план им дава на компаниите предвремено да знаат како ние како држава ги помагаме, а не тоа да биде дискреционо право на министер, на вицепремиер или пак на некој вршител на функција, а со тоа компаниите веќе го покажуваат резултатот, а тоа го покажуваат и бројките што произлегуваат од страна на Државниот завод за статистика. Значи, имаме раст на индустриското прозводство, намалување на невработеноста во државата  и во континуитет се зголемува просечната плата, а со последната мерка за зголемување на минималната плата секако дека тоа ќе биде спирала за зголемување на сите плати и ќе се мотивираат работниците и  со тоа ќе станат попродуктивни, а нашите компании ќ бидат поконкуретни не само во регионот, туку и на пазарот во НАТО, истакна министерот.

Поврзани новости