Ќе се бришат каматите на над 180.000 граѓани кон јавните препријатија

by Фокус

Една од мерките во новиот петти пакет ќе биде отпишување на каматите на долговите на граѓаните кон јавните претпријатија, при што проценките се дека со оваа мерка ќе бидат опфатени најмалку 180 илјади граѓани.

-Се прават последните калкулации, се собираат информации од сите јавни претпријатија, но само еден податок мислам дека треба и вреди да се земе предвид  – во Македонија има 180 илјади блокирани сметки на нашите граѓани. Тоа се 180 илјади семејства коишто не можат да функционираат нормално. Најмалку бројот на тие којшто ќе биде опфатено со оваа мерка е 180 000, но претпоставуваме дека затоа што уште сите податоци не се стигнати од сите јавни претпријатија, јавни комунални претпријатија, УЈП итн. бројот ќе биде многу, многу поголем – рече вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Поврзани новости