Ќе пропадне ли и вториот повик на Арсовска за избор на приватни превозници?

by Fokus

Денеска завршува вториот повик на Град Скопје за пријавување на заинтересирани приватни превозници кои би го пополниле возниот ред на ЈСП на линиите 20 и 22.

Првиот оглас заврши без успех иако претходно градоначалничката Арсовска беше убедена дека брзо ќе изнајде решение за настанатиот проблем со градскиот превоз.

Во меѓувреме Слобода превоз и Макекспрес ја очекуваат долгонајавуваната средба со премиерот Димитар Ковачевска откако беа условите кој тој ги постави за да седнат на заедничка маса, првиот да ги повлечат автобусите од блокадите, а вториот УЈП да изгодви извештај за работењето  на јавниот превоз.

Сепак средбата се чини стана историска бидејчи приватните превозници месец дена чекаат УЈП и Финансова полиција да ја завршат контролата во ЈСП. Извештајот на УЈП за работењето на јавниот превоз е клучен за трио средбата Влада-приватни превозници- град Скопје.

Постапката сè уште е во тек. Освен УЈП, вклучени се и други институции. По завршување на сите неопходни процедури, ќе бидеме во можност да ја информираме јавноста за детали и конечен исход, велат од ЈСП.

Поврзани новости