Ќе остане ли Милан без Лига на шампиони?

by Fokus

Главниот тренер на Милан, Стефано Пиоли, е разочаран од нерешениот исход со Каљари (0:0) во претпоследното коло од Серија А. По ова реми Милан многу си ја отежна позицијата на табелата и сега за пласман во Лигата на шампионите најверојатно ќе му треба победа во последното коло на тешкото гостување кај Аталанта.

– Нема смисла да се размислува за тоа што можеше да биде. Мора да се фокусираме на последниот натпревар. Според темпото и квалитетот, не бевме на нивото што го покажавме на последните натпревари. Денес имаше помалку од сè. Знаевме дека ако победиме ќе биде готово, па имаше мала напнатост, малку страв, малку неоправдана самодоверба дека можеме да победиме играјќи слабо. Но, мора да се бориме за секој бод. Моравме да ја движиме топката побрзо и да создадеме подобри шанси, тоа е сè. Направивме одлична работа оваа сезона. Денес сме разочарани, знаеме дека Аталанта е единствениот тим што не сме го победиле за моето време во Милан. Очигледно, ние мора да дадеме сè од себе за да го постигнеме ова. Луѓето зборуваат дека сме целосно зависни од Златан, а по неколку натпревари тие рекоа дека без него играме подобро. И двете констатации не се точни. Имајќи предвид како игравме, сè што направивме, колку пораснавме за една година, фактот дека не влегуваме во топ 4 сигурно ќе биде разочарување, изјави Пиоли.

По 37 кола во Серија А, Милан е трет со 76 бода, исто толку има и Наполи на четвртото место, Јувентус е петти со 75. На двете водечки позиции се Интер со 88 и Аталанта со 78 бода.

Поврзани новости