Ќе ѝ кажам на Фон дер Лајен дека ова е Македонија, истакна Мицкоски

by Fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се надева дека во последен момент Владата ќе каже „не“ на францускиот предлог.

-Ова што се нуди не е почеток на преговори за Македонија. Ова е сликање во Брисел. За да ги почнеме преговорите, потребно е промена на Уставот, а ние како партија кажавме дека тоа нема да се случи. Најодговорно тврдам дека ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставни измени и мислам дека ниту пратениците на СДСМ нема да гласаат, откако ќе го видат Протоколот кој што ќе го потпише Бујар Османи. Бидете спокојни и апел до македонската јавност дека уставни измени ние нема да поддржиме, рече Мицкоски од почетокот на протестот против францускиот предлог пред Влада.

На прашање од бугарска новинарка што ќе ѝ каже утре на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, Мицкоски нагласува:

-Дека ова е Македонија и македонски народ со своја традиција, македонски народ кој има своја култура и говори на македонски јазик , одговори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости