Ќе изберам мудро и одговорно раководство, вели Ковачевски

by Fokus

Новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски кој денеска официјално ја презеде функцијата од досегашниот претседател Зоран Заев на својот фејсбук профил напиша дека ова за него преставува огромна чест и одговорност

„Се обврзувам да ја водам партијата чесно и одговорно. На досегашниот претседател Зоран Заев му се заблагодарив за храбрите одлуки кои ги донесе за државата и успешното раководење со СДСМ, посакувајќи му многу здравје и среќа во личниот и професионалниот живот.

Му ветив дека ќе ја негувам социјалдемократијата, силно ќе го штитам единството, слободата и демократијата, а СДСМ ќе остане столб на државноста. Нашата партија го има најдобриот кадровски потенцијал. Ветувам дека ќе изберам мудро и одговорно раководство кое ќе не однесе во нови победи и ќе работи посветено во интерес на сите граѓани. Веќе од утре започнувам со првите партиски активности и реорганизација“, истакна Ковачевски.

Поврзани новости