Ристевска: Заклучоците на ЕУ не носат ништо поволно за нас

by fokus

Заклучоци има, но тие не носат ништо поволно за нас, зашто почетокот на преговорите и натаму е блокиран и нема поставено конкретна временска рамка, вели Малинка Ристевска-Јорданова од Институтот за европски политики за Фокус.

Земјите членки на ЕУ вчера успеаја да постигнат компримис за заклучоците за проширување, но меѓувладините конференции во Скопје и Тирана не беа дел од нив. За нив беше кажано дека ќе се одржат наскоро, но без временска одредница кога ќе се случи тоа.

-За да се одржи меѓувладина конференција треба претходно да се усвои преговарачка рамка, а јасно е дека Бугарија бара измени во неа.

 

Не очекувам брзи промени, со оглед на тоа што новата бугарска влада, иако најави нов пристап, се изјасни дека останува на позициите од нивната собраниска декларација за ова прашање.

 

Остварувањето на бугарските барања, пак, би било спротивно на нашата собраниска резолуција и на нашите национални интереси.

 

Целосно е погрешен фокусот исклучително на почетокот на преговорите – преговарачкиот процес е долг и сложен и доколку се дозволи бугарските барања да станат негов дел, тој целосно ќе се деформира, анализира Ристевска- Јорданова.

Иако словенечкото претседателство јавно настапи со надеж дека преговорите со Северна Македонија и Албанија ќе започнат до крајот на оваа година и тоа беше експлицитно наведено во нацрт заклучоците, по денешните преговори меѓу министрите за европски прашања временската одредница не беше задржана, што значи дека почетокот на преговорите за земјава останува се уште неизвесен и по формирањето на новата бугарска влада.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости