Ќе има ли наскоро уште една лидерска средба – одговара премиерот Ковачевски

by Fokus

Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, смета дека разговорите со ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени сега треба да продолжат на пооперативно ниво и веќе да се разговара за, како што вели тој, модалитети и рокови.

По лидерската средба одржана во средата, Ковачевски немал контакт со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. На прашање дали ќе го повика на нова средба деновиве, Ковачевски во гостување на „360 степени“ на ТВ Алсат одговори:

„Јас сметам дека тој процес сега треба да се води на подетално и на пооперативно ниво, каде што ќе може да се разговара за детали, бидејќи ние ќе мора да влеземе во процес на дефинирање на рокови и тоа не само СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, туку и другите“, истакна Ковачевски.

Поврзани новости