Ќе ги повлече ли ВМРО-ДПМНЕ своите петмина градоначалници по непризнавањето на изборните резултати?

by fokus

По синоќешната прес конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој изјави дека партијата не ги признава изборните резултати поради, како што рече, низа изборни нерегуларности и изборна кражба, останува отворено прашањето дали партијата ќе ги повлече своите петмина градоначалници кои освоија победа. Во спротивно пристапот на ВМРО-ДПМНЕ би бил контрадикторен.

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг добија само две општини. Синоќа победа славеше Митко Јанчев кој победи во Кавадарци, како и Блаже Станков во Зрновци. Додека траеше нивното славење, Груевски од партиското седиште во траорна атмосфера и на прес конференција која траеше половина час, најави дека партијата не ги признава резултатите во кои овие двајца кандидати извојуваа победа.

Остануваат и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во Илинден, Петровец и Сопиште кои ја преземаа власта во овие општини спротивно од ставот на партијата.

Ова не е прв пат партија да не признае изборен резултат. Заев го направи тоа на претпоследните парламентарни избори кога веднаш по затворањето на избирачките места излезе на прес конференција и изјави дека СДСМ не ги признава резултатите од истите причини: изборни нерегуларности и прекршувања. Но СДСМ во 2014 година одби да влезе во Собранието. Неколку месеци пратениците не присуствуваа на собраниските седници освен три пратенички кои се отцепија од коалицијата и дејствуваа независно.

 

Поврзани новости