545
Ги направивме сите анализи кои се однесуваат на Центарот за јавно здравје Велес. Направиме детална анализа на извештајот, проценка на информациите кои дојдоа од повеќе страни.
Утре или задутре ќе биде назначен нов директор на Центарот за јавно здравје – Велес со оглед на пропустите кои беа детектирани во работата на таа јавна здравствена установа, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција, преку онлајн-видео комуникација.
Нагласи дека уште кога биле утврдени недостатоците, направени се прераспределби на кадарот и во пунктот за зимање брисови, со цел да функцонира соодветно.