Поранешниот бразислки претседател Жаир Болсонаро од далеку го следеше бунтот на своите приврзаници. Тој со недели е во Флорида. Демократите во САД бараат негова испорака.
-Ова беше очигледен напад врз демократскиот процес, што секако го осудуваме – рече потпретседателката на САД, Камала Харис, на инаугурацијата на новата американска амбасадорка во Бразил.
Престојот на десничарскиот популист Болсонаро во САД им е трн в око на многу демократи.
-САД не треба да бидат прибежиште за овој авторитарен човек, одговорен за тероризмот во Бразил – изјави демократскиот конгресмен Хоакин Кастро.
Советникот за национална безбедност Џејк Саливен истакна дека барање за екстрадиција на Болсонаро се уште нема.
Вчера, 67-годишниот Болсонаро беше примен во болница поради болки во горниот дел од стомакот, веројатно последица од напад со нож пред пет години.