Со промена на Уставот да ставиме дека Бугарите се државотворен народ и бугарскиот јазик е еден од официјалните јазици. Да прифатиме дека ако доброволно се откажеме од минатото во интерес на Бугарија таа ќе ни дозволи да имаме некаква иднина.
Пишува Ѓорѓи Спасов
Ќе биде ли доволно да признаеме дека сме Бугари со амнезија. Да признаеме дека македонскиот јазик е само дијалект на бугарскиот и дека таков посебен јазик не постои.
Да ставиме во нашите учебници дека македонската нација е измислена од Тито и е коминтерновска творба со цел да се дебугаризира населението во српската Вардарска бановина по втората светска војна. да ги информираме со нота ОН дека во време на Втората светска војна Хитлер му дозволил на бугарскиот царот Борис да ја ослободи Македонија од српското робство и затоа тој период треба да се слави како заедничка бугарско македонска народно ослободителна борба.
Да побараме јавно од сите земји во светот и историчари да не го споменуваат зборот “бугарски фашизам” за време на Втората светска војна затоа што такво нешто никогаш не постоело.
Ако некој такво нешто спомене тоа да се смета за говор на омраза кон бугарскиот народ. Да признаеме дека комунистичката власт во Македонија од 1945 до денес вршела геноцид врз Бугарите во Македонија и денешна Северна Македонија јавно да го признае тој злочин, да биде осудена за геноцод и да и платии репарации на Бугарија.
Да признаеме дека Бугарите во Македонија се изложени на тешка дискриминација и дека шириме говор на омраза кон пријателска Бугарија преку медиумите, учебниците и особено преку историчарите од Македонија кои се членови на заедничката комисија за историски и образовни прашања.
Да признаеме дека сме го фалсификувале пописот и дека сите Македонци се декларирале како Бугари по националност.
Да признаеме дека ако станеме членка на ЕУ ќе бидеме во неа рускиот тројански коњ и затоа Бугарија има света должност никогаш да не го дозволи тоа.
Да ги известиме ОН дека во соседните земји а особено во Бугарија не постои македонско национално малцинство и секој поединец што тврди такво нешто е или Бугарин со амнезија или руски агент кој работи на влошување на добрите односи меѓу Бугарија и Северна Македонија.
Да изјавиме дека сите нашите родители биле Бугари и да станеме преку ноќ државјани на Република Бугарија си бугарски пасапорти и Бугари што живеат во соседна држава.
Со промена на Уставот да ставиме дека Бугарите се државотворен народ и бугарскиот јазик е еден од официјалните јазици.
Да прифатиме дека ако доброволно се откажеме од минатото во интерес на Бугарија таа ќе ни дозволи да имаме некаква иднина.
Доброволно да се укинеме како нација со свој јазик историја и култура за земјава да ни стане членка на ЕУ во која ќе се негува и заштитува слободата и културниот и национален идентитет и посебност.
Да почнеме да ја славиме нашата заедничка бугарска историја од бугарскиот Цар Самуил до бугарските браќа Кирил и Методија , бугарските светители браќата Миладиновски се до Бугарскиот револуционер Гоце Делчев и бугарските партизани од Втората светска војна кои не ослободија од бугарските ослободители на кои Хитлер им дозволи да воведат бугарска администрација во Македонија.
И да си молчиме.
Да молчиме и да не бараме во нашите братски македонско бугарски односи да ни се мешаат некави посредници од ЕУ и од САД.
Да си молчиме и се да прифатиме што се бара со познатата Декларација на Народното собрание на Бугарија.
А таа бара да се укинеме и да не постоиме за почеток. А потоа и да се извиниме што некогаш сме постоеле.
Или како што предлага еден пријател. Да ја замолиме Русија да не бомбардира и Фон дер Лајн да не посети тогаш и да ни вети кревање на ветото од страна на Бугарија.
Ќе биде ли доволнода признаеме дека сме Бугари со амнезија. Да признаеме дека македонскиот јазик е само дијалект на бугарскиот и дека таков посебен јазик не постои.