639
Одговорот на Москва на одлуката на Финска да влезе во НАТО ќе биде изненадување и ќе биде преземен пред сѐ од војската, откако ќе се земат предвид голем број фактори што ќе бидат специфични за членството на Финска во Северноатлантската алијанса“, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесува Тасс.
На прашањето на фински новинар за воено-техничките мерки што Русија планира да ги преземе против Финска поради нејзината апликација за членство во НАТО, Захарова рече дека тоа би било „изненадување“.