378
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 136 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53 санкции, 12 санкции за управување возило под дејство на алкохол, четири мерки за возење без возачка дозвола.
Изречени се пет санкции за некористење сигурносен појас при возење, пет мерки за користење мобилен телефон при возење…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.