Избегната трагедија – тригодишно дете испукало еден куршум повредило двајца!

by Fokus

Пукање во Индијана во кое две лица беа повредени откако 3-годишно дете посегнало по пиштол. Сето ова доведе до апсење на маж кој се бара во врска со убиство во Илиноис, соопштија властите, пренесува „Еј-би-си њуз“.

Трејшаун Смит (23) беше уапсен во четвртокот откако ја посети болницата со прострелна рана, изјави поручник Џастин Хартман од полицискиот оддел во Лафајет.

Инспекторите на крајот утврдиле дека пукањето што го испрати Смит и уште една жртва во болница се случило кога 3-годишното дете успеало да пристапи до пиштолот и да испука еден куршум.

– Утврдено е дека тригодишно дете се приближило до пиштолот на таа локација и испукало еден куршум, погодувајќи две лица – вели Хартман.

Полицискиот оддел соопшти дека полицајците првично ги пронашле двете жртви на пукањето во болницата Францискан Хелт Лафајет Исток, каде што биле лекувани поради повреди кои не се опасни по живот. Тие подоцна утврдиле дека пукањето се случило во станбен комплекс во Лафајет, Индијана.

Хартман рече дека другата жртва била мајката на детето, а Смит бил пријател на мајката.

Смит беше уапсен по активен налог за убиство од соседниот округ Кук, Илиноис.

Поврзани новости