632
Драконски казни за шарање на улици и тротоари, продолжуваат да им се изрекуваат на демонстранти од Шарената револуција.
Овојпат, казнети се тројца демонстранти од Штип кои ќе треба да платат по 430 евра .
Ова на тројцата им било соопштено по информативните разговори на кои беа повикани синоќа во полициската станица во Штип.
– Казните се преголеми и немаме намера да ги плаќаме – рече Горан Трајков, неформалниот лидер на штипската „Шарена револуција” и додава дека правдата ќе ја бараат на суд.