Ѓорчев: СДСМ измислува нови ултиматуми за да не оди на избори

by fokus

Со најновата одлука на СДСМ, кој реши да ја замрзне работата во Собраенито се додека Уставниот суд не се изјасни за СЈО, само се продлабочува кризата, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Поставуваат подвижни мети за да не се најде решение. Откако го загубија просторот за манипулации со избирачкиот список и откако ВМРО ДПМНЕ им понуди да одберат било каков Закон за медиуми од било која земја членка на ЕУ, само за да не излезе на избори, СДСМ реши во игра до уфрли и Уставниот суд, – реагира членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.

Потегот на СДСМ, Ѓорчев го оцени како притисок врз судот, а како што рече ваква ситуација немало во ниту една европска земја.

-Најновиот ултиматум на СДСМ до Уставниот суд е следниов „или судете како што ние ќе ви кажеме од СДСМ, или ќе ја замрзнеме нашата работа во Собранието и ќе ја фрлиме државата во уште подлабока криза“. Ова е невидена бламажа и невиден притисок врз судот во демократска Европа. – рече Ѓорчев.

 

Поврзани новости