Казнети над 600 возачи за брзо возење во државава

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден на територијата на Република Македонија санкционирани се 648 возачи на возила кои се движеле со брзина поголема од дозволената.

Од нив, 60 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 21 возило, стои во денешното соопштение од МВР, се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

– Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Скопје 117, а потоа на територија на СВР Охрид 82, на територија на СВР Куманово 80…, се наведува во соопштението од МВР.

Поврзани новости