627
Од 20.00 часот до 05.00 часот констатирано е дека 24 лица не ја почитувале забраната за движење, додека во текот на изминатото деноноќие, мерката за носење лична заштита на лице, не ја почитувале 470 граѓани, информираат од МВР.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.