Прва средба на Маричиќ со новоизбраната претседателка на Врховен суд, Беса Адеми

by fokus

Министерот за правда Бојан Маричиќ оствари работна средба со претседателката на Врховниот суд Беса Адеми. Како што информираат од Министерството за правда, на првата средба по изборот на Адеми за прв човек на Врховен, се разговарало за повеќе актуелните теми и прашања.

-На состанокот се зборуваше и за остварувањето на уставните и законските надлежности на Врховниот суд, како и за заложбите за финансиска и административна независност.
Двете институции ќе бидат вклучени во исполнувањето на критериумите и обврските кои произлегуваат од идното отворање на Поглавјата 23 и 24, односно на фундаментални човекови прави и слободи, како и борбата против корупцијата. Токму оваа борба е една од најзначајните работи за Министерството за правда и Владата, а таа не може да биде успешна без активно да се вклучат сите општествени чинители, велат од министерството.

Маричиќ и Адеми дискутирале и за состојбата со Ковид-19 во судовите и справувањето со последиците од пандемијата.

-На средбата беше констатирана потребата и во иднина да има средби од ваков формат со цел унапредување на владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата, велат од правда.

Поврзани новости