516
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи продолжи со засилените акциски контроли за санкционирање на возачи што возат со брзина поголема од дозволената, како и санкционирање на возачи кои управуваат под дејство на алкохол.
– Санкционирани се 327 возачи кои возеле над дозволеното, а 107 возеле под дејство на алкохол, соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски на денешната прес-конференција во Охрид.
МВР информира дека засилените акциски контроли продолжуваат и во текот на наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила за побезбеден сообраќај.