Во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територија на градот Скопје беа изречени вкупно 275 мерки, меѓу кои 67 за непочитување на брзина на движење, а 56 за непрописно паркирање.
Како што соопшти МВР, изречени се 16 санкции за возење без возачка дозвола, 11 за возење под дејство на алкохол, девет за технички неисправни и нерегистрирани возила и 13 за користење на мобилен телефон.
Изречени се и пет санкции за минување на затворен семафор и седум санкции за некористење сигурносен појас .
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението на МВР.