Казнети 238 возачи за брзо возење

by Fokus

Во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден се санкционирани 238 возачи.

Како што денеска информираа од МВР, од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 120 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 118 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Поврзани новости